Последните 20 години, бројките велат дека количината на домашното извезено вино постојано расте, а 2011 беше забележана како рекордна по пласманот на вино на странските пазари.
Податоците велат дека лани извозот на виното е зголемен за околу 18%, а остварениот девизен прилив за 25% споредбено со претходната година.
Ова беше истакнатао од страна на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски при вчерашната посета на винаријата Визба Валандово.
“Ние целата квота за извоз на наливно вино на земјите од Европската Унија, заклучно со четврти февруари, веќе ја исполнивме. Значи, подобар индикатор за тоа дека веќе над 30 милиони литри вино се пласирани на пазарот од Европската Унија немa”, рече министерот.
Следната голема промоција на македонските вина ќе биде во Москва, на меѓународниот саем за пијалоци ПРОДЕКСПО, кој започнува денес. За овој саем, кој важи за еден од најголемите во Руската Федерација, Министерството за земјоделство обезбеди штанд од 56 метри квадратни на кој ќе учествуваат шест македонски компании.