Телекомуникацискиот оператор ОНЕ воведува промотивна понуда за роаминг во текот на летото и летните одмори.
Понудата стартува од денеска – први јули, а цената на повиците изнесува 9,9 денари/минута кон сите мобилни и фиксни броеви на ОНЕ и ЏаБест и 5,9 денари/минута за SMS пораки кон било која мрежа во Македонија и во светот.
Роаминг понудата можат да ја користат сите припејд и постпејд, резидентни и бизнис корисници на ONE и корисниците на ЏаБест преку аликацијата Roam Light Talk и Roam Light SMS во категоријата Planet во менито на мобилниот телефон.
Понудата е промотивна и важи ограничен временски период.