Промотивни материјали – ефикасна маркетинг алатка или залудно потрошени пари?

406

Фото: Pixabay

Промотивните материјали претставуваат традиционален облик на маркетинг. Станува збор за едноставно и лесно претставување на бизнисот, преку производ што често се употребува, па не него се испишува логото и основните податоци за вашата компанија. Доколку некој забележи ваша марка на пенкало, нотес, маица, календар… можеби ќе добие желба да биде ваш клиент во иднина.

Сепак, се поставува прашањето дали во ера на дигитален маркетинг оваа old school алатка може да даде резултат.
Промотивните производи може да ги користите доколку одите на некој поголем настан или саем, каде на едноставен начин може да направите реклама, а потенцијалните клиенти или случајни минувачи со себе ќе може да го понесат промотивниот материјал.

Исто така, промотивните материјали може да послужат како одлична корпоративна одлика, особено при средби и состаноци со тековни или потенцијални соработници. Тие можат да дадат јасна слика за вашиот бизнис, па доколку внимавате на квалитетот и дизајнот би оставиле одличен впечаток.

Истражувањата покажуваат дека и покрај дигитализирање на маркетингот, сепак голем број компании ги користат промотивните материјали за да се промовираат и да допрат до целните групи на клиенти. Потрошувачите сметаат дека полесно и подобро можат да изградат мислење за компанија, доколку од нејзе добијат било каков промотивен материјал.

Затоа, ако имате потреба од промоција, искористете ја добро познатата моќ на промотивните материјали. Ако производот што сте го одбрале е корисен и квалитетен, голема е веројатноста дека тој што ќе го добие, ќе го користи наместо да го фрли во канта. На пример, сте одбрале квалитетна маица, тогаш таа може да послужи како одличен дел од аутфитот на луѓето додека се движат низ град, спортуваат, се движат на фреквентни места…