Промовирана m-banking, нова мобилна апликација на Стопанска банка

124

m-bankingСо новата m-banking мобилна апликација, што вчера ја промовираше Стопанска банка, ќе може 24 часа да се вршат банкарски операции и плаќање во земјата и странство.

Фудбалските репрезентативци на Македонија и членовите на стручниот штаб на репрезентацијата ја имаа привилегијата да бидат први корисници  на m-banking апликацијата.

“Од први април преку оваа апликација ќе може да се врши плаќање во земјата и во странство преку мобилен телефон”, најави генералениот извршен директор на банката, Глигор Бишев.

Бишев потенцираше дека Стопанска банка се одлучила да ја поддржува фудбалската репрезентација бидејќи, меѓу другото, банкарството и фудбалот имаат заеднички карактеристики.

“Првата карактеристика е тимска игра, а втората е за да навивачите и поддржувачите бидат задоволни мора постојано да играте квалитетно, да бидете иновативни да имате поддршка и од тој аспект, тоа беа основните причини зошто Стопанска банка на крајот од 2012 година се одлучи да биде еден од поддржувачите на фудбалската федерација и националниот тим”, рече Бишев.

Чедомир Јаневски, селекторот на македонската фудбалска федерација, се заблагодари на банката за поддршката и укажаната привилегија први да ја пробаат оваа апликација.

“Ми претставува особено задоволство што сме ние први со оваа апликација, ќе можеме да ги следиме нашите сметки, како и да вршиме трансакции кога сакаме и каде и да сме”, рече Јаневски.

ce856078-d663-4e51-93d0-2c54cd38a003