Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски вчера ја промовираше новата електронска продавница Нико Фон.
Се работи за продавница на мобилни телефони и галантерија, која може да се посети на веб страната www.nikofon.com.mk.
“Нико Фон понуди сериозна апликација, па оттука беше избрана на конкурсот за субвенционирање на електронски продавници од страна на македонската влада. Исто така, тие прават напори и за сериозна надградба на нивниот проект, што секако ќе придонесе за развој на нивниот бизнис. Нико Фон е еден од пионерите во развојот на мобилната технологија во Република Македонија која пред 15 години започна со работа. Особено ми е драго што со овој пример можеме да покажеме дека не е важно колкава е компанијата која работи со овие производи, туку оти со интернетот нема граници за кој било граѓанин кој може да ги купува производите на Нико Фон”, рече на промоцијата министерот Ивановски.
Оваа Е-продавница е дел од владиниот проект за субвенционирање на 30 електронски продавници, како најдобри бизнис планови.
Ивановски потенцираше дека најдобрите пет електронски продавници што ќе остварат најголем профит, односно оние кои ќе бидат најдобро менаџирани, ќе добијат уште една година субвенционирано хостирање.