Пронајдена е салмонела – Најголемата фабрика за чоколади во светот го прекина производството

544

Најголемата фабрика за чоколади во Белгија, во градот Визе, го прекина производството поради појава на опасна бактерија.

Компанијата Barry Callebaut ги информираше белгиските власти за безбедност на храната во четвртокот дека го прекинале производството и дека ги повлекуваат сите производи произведени чоколади од 25 јуни 2022 година. Тие исто така истакнуваат дека контактираат со сите нивни клиенти кои можеби добиле контаминиран производ. Barry Callebaut дистрибуира чоколадо на големи компании како  Hershey, Mondelez, Nestle и Unilever.

Имено, во понеделникот во чоколадото е пронајдена салмонела. Од компанијата велат и дека ќе направат детална анализа, по што ќе ги дезинфицираат сите производни линии.

Швајцарската групација „Barry Callebaut“ е број еден во светот, со годишна продажба од 2,2 милиони тони во текот на финансиската година 2020-2021. Во текот на изминатата финансиска година, компанијата, чие седиште е во Цирих, оствари нето добивка од 331 милион фунти.

Компанијата вработува повеќе од 13.000 луѓе и има повеќе од 60 производствени локации низ светот.