Пронајдено најголемото наоѓалиште на литиум во Европа

496

Германија има најголеми резерви на литиум во Европа и се подготвува за целосна еколошка експлоатација. Ова наскоро може да го разниша пазарот на литиум, кој се добива од рудниците и солените езера на многу “валкан“ начин.

Германија отсекогаш се сметаше за земја сиромашна со суровини, но сега веќе не е: во термалните води длабоко под површината на почвата, постојат најголеми резерви на литиум во Европа пишува DW.

Засега, првенствено се работи за резерватите во таканаречената Горна Рајна (Oberrheingraben) во југозападна Германија, на потегот од Базел до Франкфурт, долга 300 километри и широка 30-40 километри-на длабочина од 3 до 5 километри.

Колку има и каков е неговиот квалитет?

Според проценките на германските научници, станува збор за резерви еднакви на 16 милиони тони литиум карбонат, односно литиум што е потребен за батерии. Ова се количини доволни за батерии на повеќе од 400 милиони електрични автомобили. Според германскиот институт за геологија и природни ресурси (BGR), водите во овој регион содржат помеѓу 200 и 400 милиграми литиум по литар – споредливо со некои солени езера во Јужна Америка.