
Стопанскиот суд во Загреб отвори претстечајна постапка против Steviq life, компанијата на познатиот фудбалер Роберт Просинечки.
Судот за 1 јули закажа рочиште за испитување на досега пријавените побарувања на доверителите од околу 360.000 евра.
Со судската одлука за претстечаен управник е назначен Лорис Рак, а Просинечки е повикан до крајот на април да достави писмена документација до Финансиската агенција (ФИНИ), односно да ја признае или оспори.
Компанијата Steviq life е основана во 2018 година со основна главнина од 2.654 евра и со седиште во Нова Веса, Загреб. Роберт Просинечки е наведен како единствен основач и директор.
Steviq life е позната како компанија за производство на какао, чоколади и бонбони. Се рекламира, како што се наведува во медиумите, како прва фабрика за чоколади во Европа која топлото чоколадо го засладува исклучиво со природен засладувач – стевиа.
Просинечки моментално е селектор на фудбалската репрезентација на Црна Гора.
Фото: Pixabay