Пропадна договорот за изградба на голф терени во Тиват, ќе се бара нов инвеститор

49

golf

Договорот за закуп на земјиште за изградба на голф терени во Тиват, кој беше потпишан минатата година со компанијата Бока група, е раскинат, соопшти претседателот на Одборот директори на државната компанија Монтепранцо – Бокапродукт, Андрија Радман, пишува Вијести.

Договорот што го потпишаа Владата на Црна Гора и акционерското друштво Монтепранцо – Бокапродукт со компанијата Бока голф девелопмент, е раскинат поради непочитување на роковите од страна на инвеститорот.

Бока група требаше на околу 790.000 квадрати земјиште во близина на аеродромот во Тиват да гради голф терени, хотели, вили и други содржини. Проектот требаше да се реализира за пет години, а инвестицијата беше проценета на 115 милиони евра.

Радман на прес конференцијата одржана вчера, најавил дека веднаш ќе пристапат кон процедура за наоѓање нов партнер за реализација на овој капитален проект, пишува Побједа.

Освен голф терените, Бока група во Црна Гора треба да го гради Стариот град во Тиват и првиот ски – ресорт во Црна Гора на Бјеласица.