Пропадна клубот на милијардери со богатство од над 200 милијарди долари

622

На планетата повеќе нема милијардер со богатство од над 200 милијарди долари. Последниот богаташ од клубот на милијардери со богатство од над 200 милијарди долари беше Илон Маск, но неговото богатство оваа недела се стопи за 13,3 милијарди долари. Според проценките на „Блумберг“, богатството на Маск сега изнесува 198,6 милијарди долари.

Акциите на Tesla паѓаат четврти ден по ред поради силен пад на берзите ширум светот. Сепак, извршниот директор на Tesla и понатаму е најбогатиот човек во светот според индексот на милијардери на Блумберг.

Само од почетокот на 2022 година, богатството на Маск се стопи за 71,7 милијарди долари.

Богатството на милијардерот достигна врв на 340,4 милијарди долари во ноември, кога акциите на Tesla беа по рекордни цени. Неколку дена подоцна, тој ги праша своите следбеници на Твитер дали треба да продаде дел од својот удел во компанијата, што предизвика остар пад на акциите и избриша 35 милијарди долари од неговото богатство за еден ден – сума без преседан.

Сепак, тој презеде серија на продажби на акции во вредност од повеќе од 16 милијарди долари, а исто така донираше 5,7 милијарди долари во акции во добротворни цели.

Основачот на Amazon, Џеф Безос е другиот милијардер чие богатство надмина 200 милијарди долари, а тоа за првпат се случи во април.