Пропадна приватизацијата на Бадел, одбиена единствената понуда

16

badel

Понудата на единствениот понудувач за стратешко поврзување и докапитализација на хрватската компанија за производство на вино, алкохолни и безалкохолни пијалоци Бадел 1862, на фирмата Princeps promet од Загреб не е прифатена затоа што не ја доставиле потребната документација во определениот рок, соопштуваат од Бадел, пренесуваат хрватските медиуми.

Со ова е завршена постапката по јавниот повик за собирање понуди за стратешко поврзување и докапитализација на Бадел. Работната група заклучила дека за да се обезбеди долгорочно опстојување на Бадел, неопходно е да се изврши докапитализација во рамки на постапка на предстечајна спогодба, со што ќе се обезбеди континуирана ликвидност и потребна адекватност на капиталот.

Кон средината на јуни, од Бадел известија дека во првиот круг собирање необврзувачки понуди за Јавниот повик интерес покажале шест домашни и странски компании. Од нив пет беа доставени во пропишаниот рок. Меѓу нив беше и заедничката понуда на Тиквеш АД од Македонија и Orbico d.o.o.

Бадел е во мнозинска сопственост на државата, која поседува 67,68% од основачкиот капитал во компанијата.