Пропаднат богаташ отплаќа милионски долг продавајќи колбаси на улица

584

Кинески милионер, кој неодамна банкротираше, стана ѕвезда во кинеската јавност откако реши да го исплати својот долг од 6,4 милиони долари продавајќи колбаси на скара на штанд на улица.
Не толку одамна, Танг Џијан, сопственик на познати ресторани во кинескиот град Хангжу, важеше за еден од најуспешните луѓе во провинцијата Жеџијанг. Кога имал 36 години, тој веќе поседувал синџир ресторани и имал завидно богатство.

Меѓутоа, во 2005 година, Танг одлучи да инвестира поголемиот дел од своето богатство во нова индустрија и тогаш работите тргнаа наопаку. Овој 52-годишен поранешен милионер денес има долг од 6,4 милиони долари, но напорно работи да го исплати продавајќи колбаси на скара, пренесува Независне новине.

Кога почнал да инвестира во пејзажно инженерство, бил убеден дека тоа ќе му донесе повеќе пари од неговата империја на ресторани, толку убеден што не сакал да слуша добронамерни совети да не навлегува во тоа. Па, дури и кога виде дека сето тоа е јама без дно, сепак продолжи да инвестира, но кога конечно ја сфати својата грешка, веќе беше доцна.

Дури и откако ги продаде рестораните, куќите и автомобилите, остана со милионски долгови. Немаше друг избор освен да прогласи банкрот. Но, наместо да се скрши од притисокот, тој реши да се врати на корените и да почне да продава колбаси на улица.

Немал пари за нов ресторан, па решил да постави улична тезга и да работи сам. Денеска верува дека со оваа скромна работа ќе го врати долгот.

„Ние сме родени без никаде и ништо. Тогаш зошто се плашиме да почнеме од почеток? рече Танг неодамна во едно интервју и додаде: „Мораме да научиме да се бориме против тешкотиите и храбро да одиме напред“.