Пропаѓа идејата за претворање на Голи оток во туристичка атракција

413

goli otok

Островот Голи оток е препуштен на забот на времето, иако постоеше идеја да се претвори во голема туристичка атракција.

Goli-otok2

Затворот на Голи оток е отворен во 1949 година за политички затвореници. По осум години, па се до неговото затворање во 1988 година, таму се испраќаат криминалци.

Од затворањето на овој затвор, островот е препуштен на забот на времето. Хрватските власти, во чија сопственост е овој остров, предложија изградба на меморијален центар за да може покрај туризмот да се изучуваат и темелите на демократијата. За целиот проект се потребни најмалку 10 милиони евра, па можеби тој износ е една од причините поради која тешко се реализира оваа идеја, јавува ХРТ.

goli ot

Од некогашниот застрашувачки затворски комплекс останале изрушените покриви, скршени врати и прозорци, како и напукнати ѕидови. Во изминатиот период постоеја повеќе обиди да заживее овој простор и да прерасне во голема туристичка атракција. На почетокот на оваа година, општината Лопар најави дека од Агенцијата за управување со државен имот ќе побара локалната самоуправа повторно да биде задолжена за управување со овој остров. Во планот на општината беше да се подигне спомен – одбележје, но и да се подобрат условите за туристите, по теркот на островот Алкатраз во близина на Сан Франциско, на кој се до 1946 година се носеле политички противници на француските власти.