Нешто повеќе од две години по првите објави, криптовалутата, првично наречена Libra и поддржана од Facebook, е пред колапс.
Здружението Diem, кое го основаше Facebook во тоа време и кое треба да управува со дигиталниот токен, размислува да ги продаде сите свои средства откако регулаторите и официјалните лица се спротивставија на иницијативата.
Според Блумберг, капката што наводно ја прелеала чашата е притисокот што американскиот систем за федерални резерви го извршил врз Silvergate, банкарска компанија што Diem ја наведе како партнер за лансирање на нејзиниот токен. Портпаролот на Diem, Мајкл Критенден, изјави за The Verge дека веста на Блумберг има неколку „фактички грешки“, но не понуди подетално објаснување.
Продажбата на средствата на Diem може да значи дека криптовалутата за која се залага Facebook не може да најде начин да реализира и лансира токени. Кога идејата беше претставена, тогашната Libra требаше да биде дигитален токен кој ќе поддржува голем број валути ширум светот, но регулаторите и официјалните лица брзо се спротивставија на нивните идеи.
После тоа, идејата за Libra беше поедноставена, а криптовалутата го промени своето име во Diem. Во меѓувреме и Facebook го смени името, па Меtа лансираше дигитален паричник кој требаше да биде наменет за Libra, односно Diem, со поддршка за друга криптовалута, Stablecoin Paxos. Diem не се снајде многу добро ниту на внатрешен план. Идеолошкиот креатор на Libre, Дејвид Маркус, го напушти Diem пред крајот на минатата година, откако го напуштија повеќето спонзори.











