Просечна цена од над 250.000 фунти на куќите во Велика Британија

19

Просечната цена на домови во Велика Британија надмина четврт милиони фунти, првпат откако на пазарот на недвижнини забележа најголем скок за шест години и покрај кризата, анализира Bloomberg.

Растот од 8,5% во декември во однос на истиот период лани е најголем од октомври 2014-та година и ја зголеми цената на недвижнините на 251.500 фунти. Иако Лондон има најмал раст, британската престолнина останува најскап град во земјата. Просечната цена е нешто помалку од 500.000 фунти по падот од 1,1% во однос на ноември.

“Бумот“ во овој сектор ја рефлектира акумулираната побарувачка од првиот карантин минатата пролет, како и привременото намалување на данокот на имот за купување и зголемениот интерес за семејни куќи, што е последица од пандемијата.

Фото: Pexels