
Просечната декемвриска нето-плата во Хрватска изнесувала 1.361 евро, што е номинално за 0,4 отсто, а реално за 0,5 отсто во однос на ноември, објави хрватскиот Централен завод за статистика.
На годишна основа, просечната хрватска нето плата е номинално повисока за 14,3 отсто, а реално за 10,5 отсто, во однос на декември 2023 година.
Највисоката просечна месечна нето-плата по вработен за декември 2024 година е исплатена во секторот производство на кокс и рафинирани нафтени деривати и изнесува 2.562 евра.











