
Во 2024 година, деловните субјекти извршиле градежни работи во вредност од 39.8 милијарди денари и завршиле 5 405 станови
Во 2024 година деловните субјекти извршиле градежни работи во вредност од 39 827 830 илјади денари.
Во текот на 2024 година се градени вкупно 2 641 објект и завршени се вкупно 5 405 станови со вкупна површина од 348 720 м2, од кои 5 255 се во индивидуална сопственост.
Во 2024 година:
- Завршени се 5 405 станови, чија просечна корисна површина е 64.5 м2
- Најмногу се градело во Скопскиот Регион
- Фото: Pixabay