Просечна камата од 4,59% на вкупните кредити во март

13

Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во март 2021 година оствари месечно намалување од 0,02 процентни поени (п.п.) и изнесува 4,59%. На годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,30 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,89% и забележа месечен пад од 0,03 п.п., додека на годишно ниво е намалена за 0,22 п.п, покажуваат податоците на Народна банка.

Во март, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 3,94% и бележи месечен пад од 0,31 п.п., додека на годишно ниво е пониска за 0,18 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити забележа месечен раст од 0,05 п.п. и изнесува 0,76%. Споредено на годишно ниво, просечната каматна стапка на новопримените депозити е зголемена за 0,22 п.п.Просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор, во март, остана на истото ниво од 3,70% како и претходниот месец, додека на годишна основа оваа каматна стапка е пониска за 0,38 п.п.

Во март, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 3,51% и е намалена за 0,25 п.п., на месечна основа. Надолната промена се објаснува со намалувањето на каматните стапки кај сите компоненти, и тоа: каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,52 п.п. и 0,25 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,05 п.п.). На годишна основа, кај оваа каматна стапка е остварен пад од 0,28 п.п.

Кај каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, овој месец, е забележан месечен пад од 0,05 п.п. и таа изнесува 1,15%. Анализирано според валутата, месечниот пад произлегува од намалувањето на каматните стапки кај сите компоненти: каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,07 п.п.) и каматните стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,01 п.п., соодветно). Во споредба со истиот период претходната година, оваа каматна стапка е пониска за 0,09 п.п.

Во март, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор изнесува 0,75% и е повисока за 0,36 п.п, на месечно ниво. Нагорната промена е резултат на повисоките каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,37 п.п.) и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,01 п.п.), во услови на непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула. Анализирано на годишно ниво, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор оствари раст од 0,55 п.п.

Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во март, бележи месечен пад од 0,03 п.п. и изнесува 5,40%. Анализирано по валута, падот се должи на намалувањето на каматните стапки кај сите компоненти, и тоа: каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,04 п.п. и 0,03 п.п., соодветно) и каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,01 п.п.). Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,24 п.п., во однос на истиот месец минатата година.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, овој месец, изнесува 4,61% и е намалена за 0,07 п.п., во споредба со претходниот месец. Промената е резултат на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,05 п.п.), при забележан раст на каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула и кредитите во странска валута (за 0,12 п.п. и 0,08 п.п., соодветно). Споредено на годишно ниво, оваа каматна стапка бележи пад од 0,22 п.п.

Во март, кај просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата е забележан пад од 0,02 п.п., на месечно ниво и таа изнесува 0,86%. Падот, целосно се објаснува со намалените каматни стапки на депозитите во странска валута (за 0,04 п.п.), во услови на непроменети каматни стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула. Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата оствари намалување од 0,24 п.п., на годишна основа.

Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, во март, изнесува 0,77% и оствари месечно намалување од 0,09 п.п. Надолната промена произлегува од намалувањето на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,16 п.п.) и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,07 п.п.). И овој месец, кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Во однос на март минатата година, оваа каматна стапка е пониска за 0,17 п.п.

Фото: Pexels