Просечна месечна нето-плата по вработен во јуни е 21.108 денари

26

28122011170528_denari-455Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, изнесува 102.2.

Ваквото зголемување се должи пред се на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите, Транспорт и складирање 6,8%, Информации и комуникации 6,8% и Градежништво 6,1%.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите, Рударство и вадење на камен 9,2%, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 5,9% и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 5,3%.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2013, изнесува 21.108 денари.

Во јуни 2013 година 2,3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.