
Пабовите во Велика Британија сега ќе мора да издвојуваат во просек повеќе од пет фунти за половина литар пиво или шест евра за кригла од 0,568 литри, бидејќи пабовите се принудени да ги зголемат цените за да ги надоместат новите давачки од британската влада.
Лондончани можеби нема да имаат проблем со ова поскапување, но неговите ефекти ќе се почувствуваат низ цела Велика Британија, пренесува Гардијан.
Британската асоцијација за пиво и пабови (BBPA), која го нарача истражувањето, рече дека сопствениците немаат друг избор освен да ги зголемат цените за да го надоместат зголемувањето на даноците што треба да стапи на сила во април.











