
Просечната февруарска нето плата во Хрватска изнесува 1.416 евра, што е номинално повисока за 1,7 отсто, а реално за 1,8 отсто во однос на јануари, објави хрватскиот Државен завод за статистика (ДЗС).
На годишна основа, просечната хрватска нето плата е номинално повисока за 13,5 отсто, а реално за 9,5 отсто, во однос на февруари 2024 година.
Највисока просечна месечна нето-плата по вработен за февруари 2025 година е исплатена во секторот производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати и изнесува 3.624 евра.