Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во ноември 2024 година, забележа месечен и годишен пад од 0,02 п. п. и 0,12 п. п. , и изнесува 5,36%.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити, пак, изнесува 2,12% и е зголемена за 0,05 п. п. и 0,38 п. п. на месечно и на годишно ниво, соопшти Нардната банка.
Во ноември, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити изнесува 4,82% и оствари месечен раст од 0,01 п. п. , во услови на годишен пад од 0,56 п. п.
Просечната каматна стапка на новопримените депозити е намалена за 0,04 п. п. намесечна основа и изнесува 2,80%, при годишен раст од 0,52 п. п.
Просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор во ноември е намалена за 0,04 п. п. и изнесува 5,05%.
Надолната промена произлегува од падот кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула (за 0,19 п. п. ), каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,02 п. п.) и каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,01 п. п. ). Анализирано на годишно ниво, оваа каматна стапка е намалена за 0,31 п. п.
Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, овој месец, изнесува 4,68% и забележа месечен раст од 0,03 п. п.
Анализирано по валута, промената во целост се должи на зголемените каматни стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,11 п. п.), додека каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула и кредитите во странска валута се намалени (за 0,19 п. п. и 0,10 п. п. , соодветно).
Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е намалена за 0,71 п. п. на годишна основа.
Во ноември, просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор оствари месечен раст од 0,26 п. п. и изнесува 2,68%.
Нагорната промена е резултат на зголемените каматни стапки на сите компоненти, и тоа: каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,28 п. п.) и каматните стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула (за 0,25 п. п. и 0,22 п. п. , соодветно). Во споредба со ноември претходната година, оваа каматна стапка е повисока за 0,45п. п.
Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор, овој месец, изнесува 2,43% и на месечно ниво е намалена за 0,32 п. п.
Притоа, падот се должи на намалувањето на каматните стапки на денарските депозити без валутнаклаузула (за 0,34 п. п.), во услови на непроменети каматни стапки на денарските депозити со валутна клаузула и раст на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,17 п. п. ).
На годишно ниво, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор е зголемена за 0,72 п. п. Во ноември 2024 година, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,66% и е непроменета во споредба со претходниот месец.
Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка е зголемена за 0,07 п. п. Овој месец, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата е намалена за 0,14 п. п. на месечна основа и изнесува 5,03%. Падот е резултат на намалените каматни стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,28 п. п. и 0,10 п. п. , соодветно), додека каматните стапки на кредитите во странска валута се зголемени (за 0,06 п. п. ). Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка бележи пад за 0,32 п. п.
Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата бележи зголемување за 0,03 п. п. и изнесува 2,05%.
Растот се должи на повисоките каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула и депозитите во странска валута (за 0,04 п. п. и 0,02 п. п., соодветно), додека каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула се намалени (за 0,11 п. п. ).
Во споредба со истиот месец претходната година, каматната стапка на вкупните депозити на домаќинстватае зголемена за 0,36 п. п.
Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата, овој месец, изнесува 2,88% и оствари пад од 0,01 п. п.
Промената во целост произлегува од намалените каматни стапки на депозитите во странска валута (за 0,11 п. п. ), при непроменети каматни стапки на денарските депозити без валутна клаузула.
Во ноември, кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е повисока за 0,42 п. п. на годишно ниво, се наведува во соопштението од Народната банка.