Просечната корисна површина на завршените станови е 65,5 метри квадратни

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година, деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 32.718.450.000 денари.

Од нив, 12.533.204.000 денари се за објекти во индивидуална сопственост.

Во текот на 2020 година се градени вкупно 2.385 објекти, а завршени се вкупно 2.335 станови со вкупна површина од 152.825 метри квадратни, од кои 2.299 се во индивидуална сопственост.

Просечната корисна површина на завршените станови е 65,5 метри квадратни.

По региони, најмногу се градело во Скопскиот регион, потоа Југозападниот, Пелагонискиот итн.

Фото: Pexels