Просечната месечна исплатена нето-плата во април надмина 36.000 денари

60

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2023 година, изнесува 36.134 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април 2023 година, изнесува 54. 177 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во април 2023 година, во однос на април 2022 година, изнесува 114.6.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (28.1 %), Административни и помошни услужнидејности (21.7 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17.8 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14.7 %), Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација (13.2 %) и Административни и помошни услужни дејности (12.5 %).

Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, април 2023 година

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април 2023 година, изнесува 54 177 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2023 година, во однос на април 2022 година, изнесува 115.0.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (28.8 %), Административни и помошни услужни дејности (21.9 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18.4 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14.9 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (13.5 %) и Административни и помошни услужни дејности (11.9 %).