Просечната нето-плата е речиси 34.000 денари

84

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, изнесува 113.2.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (23.4 %), Градежништво (20.9 %) и Информации и комуникации (17.3 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (5.1 %), Преработувачка индустрија (5.0 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.5 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари 2023 година, изнесува 33.943 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари 2023 година, во однос на јануари 2022 година, изнесува 113.6.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (24.1 %), Градежништво (21.5 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (17.3 %).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (5.0 %), Преработувачка индустрија (4.9 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2.6 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јануари 2023 година, изнесува 50. 837 денари.