Просечната нето плата во декември беше 28.294 денари

30

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2020 година, изнесува 28.294 денари, додека во бруто износ е 42.227 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во  декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, е зголемена за 5,4%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (15,5%), Рударство и вадење на камен (10,5%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (10%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (14,4%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (12,5%) и Рударство и вадење на камен (10,6%).

Фото: Pexels