Просечната нето-плата во јули 28.540 денари

33

Просечната исплатена нето-плата по вработен во јули годинава изнесувала 28.540 денари и е за 4,8 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15,1 отсто), Уметност, забава и рекреација (14,2 отсто) и Други услужни дејности (13,5 отсто).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (7,5 отсто), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4,3 отсто) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,7 отсто).
Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во јули изнесувала 42.627, што е за 4,9 повеќе од јули 2020 година.