Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува 113.3.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (18.7 %), Објекти за
сместување и сервисни дејности со храна (17.5 %) и Административни и помошни услужни дејности (17.3 %).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4.5 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.5 %) и Уметност, забава и рекреација (3.1 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2022 година, изнесува 33 011 денари.