Просечната нето плата во Србија е 913 евра

Просечната бруто плата во Србија пресметана за јуни 2025 година изнесувала 147.947 динари, (1.262 евра), додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесувала 107.075 динари, (913.77 евра) објави Републичкиот завод за статистика.

Растот на бруто и нето заработката во периодот јануари-јуни 2025 година, во споредба со истиот период минатата година, изнесуваше 11,0 проценти номинално, односно 6,4 проценти реално.

Во споредба со истиот месец од претходната година, просечната бруто и нето заработка за јуни 2025 година е номинално поголема за 11,8 проценти, а реално за 6,9 проценти.