Просечната нето плата во Србија изнесува 825 евра

36

Просечната бруто-плата пресметана за август 2024 година изнесува 133.591 динари (1.141 евра), додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесува 96.649 динари, (825.64 евра), објави Републичкиот завод за статистика на Србија.

Растот на бруто-заработката во периодот јануари-август 2024 година во однос на истиот период лани изнесува 14,7 номинално, односно реално 9,3 отсто, додека просечната нето-плата номинално е повисока за 14,6 отсто, односно реално за 9,2 отсто.

Во однос на истиот месец од претходната година, просечната бруто-плата за август 2024 година е номинално повисока за 12,3 отсто, а реално за 7,7 отсто, додека просечната нето-плата е номинално повисока за 12,2 отсто, односно 7,6 отсто реална.