Просечната нето плата во Србија во мај 74.168 динари

117

Просечната заработка без даноци и придонеси, односно нето плата, во Србија во мај изнесувала 74.168 динари, што е номинално повисока за 14,1 отсто, а реално за 3,4 отсто во однос на истиот месец од 2021 година.

Според денешните податоци на Републичкиот завод за статистика, просечната бруто-плата во мај изнесува 102.432 динари, номинално повисока за 14,2 отсто, а реално за 3,4 отсто во однос на истиот месец лани.

Просечната нето-плата за мај 2022 година изнесува 56.582 динари, што значи дека 50 отсто од вработените заработиле до наведениот износ.