
Просечната плата (бруто) пресметана за ноември 2025 година изнесуваше 154.772 динари, (1,318 евра) додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесуваше 111.987 динари (953 евра).
Растот на бруто заработката во периодот јануари-ноември 2025 година, во споредба со истиот период минатата година, номинално изнесува 11,3 проценти, односно реално 7,0 проценти, додека просечната нето плата е повисока за 11,2 проценти номинално, односно реално 6,9 проценти, објави Републичкиот завод за статистика.
Во споредба со истиот месец од претходната година, просечната бруто плата за ноември 2025 година е номинално повисока за 11,4 проценти, а реално за 8,4 проценти, додека просечната нето плата е номинално повисока за 11,2 проценти, односно реално 8,2 проценти.











