Просечната нето плата во ТИРЗ ја надмина просечната нето плата во државата и изнесува 29. 599 денари

27

Просечната нето плата во технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) лани била 29. 599 денари што е три проценти повеќе од просечната плата во државата, а просечниот број вработени достигнал 13.650 за разлика од 2020 година кога бил 13. 014, соопшти денеска директорот на Дирекцијатата за ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Презентирајќи ја годишната анализа за економските активности во зоните, Деспотовски информира дека вкупно исплатената државна помош за ТИРЗ лани била 731. 842 688 денари, додека вкупните уплати од зоните во Буџетот изнесувале 1. 958 029. 059 денари од кои 167. 403. 585 денари данок на плати и надоместоци и 1.790. 625.474 денари придонеси од задолжително социјално осигурување.

Вкупно 22 компании од ТИРЗ бележат зголемување на бројот вработувања, седум намалување, а пет се со ист број вработени. Во однос на приходите, 24 фирми евидентирале пораст, а осум бележат пад.