Просечната плата во БиХ е 513 евра

34

Просечната месечна исплатена нето -плата во Босна и Херцеговина, на ниво на целата земја, во јуни изнесува 997 конвертибилни марки (513,5 евра) и е номинално повисока за 0,9 проценти во споредба со крајот на минатата година, а на годишна основа зголемена е за 4,4 проценти во однос на истиот период во 2020 година.

Најниската просечна нето плата од 583 конвертибилни марки (приближно 300 евра) е забележана во угостителството, односно во областа на сместувањето и подготовката и послужувањето храна, додека во административните и помошните услужни дејности изнесува 684 КМ (352,3 евра), додека во градежништвото изнесува 695 КМ (358 евра), објави Агенцијата за статистика на БиХ, пренесе Срна.

Во јуни, најголема нето заработка остварија вработените во финансиски и осигурителни активности 1.735 КМ (893,7 евра), во производството и снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација просечната нето плата изнесуваше 1.538 КМ (792,2 евра), а во информации и комуникации 1.434 КМ (738,7 евра).

Просечната месечна бруто плата во БиХ за јуни изнесуваше 1.544 КМ (795 евра) и е номинално повисока за 1,2 проценти во споредба со декември, а повисока за 4,6 проценти во споредба со јуни минатата година.

Фото: Pixabay