Просечната плата во Црна Гора во октомври скокна на 944 евра

64

Просечната плата (бруто) во октомври 2024 година во Црна Гора била 1.137 евра, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) е 944 евра, објави Монстат.

Просечната нето-плата во октомври 2024 година во однос на септември 2024 година бележи раст од 7,6%, додека во однос на истиот месец од претходната година е повисока за 17,6%.

„Ако се земе предвид дека потрошувачките цени останаа на исто ниво во октомври 2024 година во однос на септември 2024 година, произлегува дека реалната заработка за истиот период забележа раст од 7,6 отсто“, објаснуваат од Монстат.