Просечната плата во Хрватска е 835 евра

17

Просечна нето плата во Хрватватска којашто била исплатена за јули изнесува 6.606 куни (околу 835 евра), што е за 2,9% повеќе на годишно ниво, пишува SEEbiz.

Според податоци на Државниот завод за статистика во земјата во однос на претходниот месец, просечната јулска нето-плата е пониска за 0,2%.

Највисоки плати биле примени од страна на вработени во воздухопловниот превоз 11.241 куни (1.512 евра), додека најниската плата во износ од 4.007 куни (539 евра) била исплатена во категоријата други услужни дејности.

Според податоците на ДЗС, средната нето плата за јули во Хрватска изнесувала 5.504 куни (740 евра), што значи дека половина од вработените имале помала, а половина повисока плата од таа сума.

Просечната бруто плата пак изнесувала 8.420 куни (околу 1.133 евра), што е за 0,1% помалку отколку во јуни. Споредено со јули 2017 година, просечната бруто плата била повисока за 3,6%.