Просечната плата во Хрватска е 947 евра

80

Просечната месечна исплатена нето-плата во октомври во Хрватска изнесувала 7.108 куни или околу 947 евра, пишува Вечерњи лист, наведувајќи дека нето платите за годината се зголемени за 361 куни или околу 48 евра.

Половина од вработените, околу 684.000, заработуваат помалку од 6.017 куни, но 202.000 вработени во занаетчиството, трговијата и слободните професии се надвор од тој просек.

Платите, како што се наведува, номинално пораснале нешто повеќе од пет отсто во последната година, но поради инфлацијата реално се само два отсто.

Најголемо зголемување на платите на годишно ниво за помалку од девет проценти има угостителството, туризмот и ИТ секторот, кој заедно со растот на платите бележи и најголем пораст на вработеноста.

Најмал пораст на платите (2,6%) имаат услужните дејности со околу 22.000 вработени, додека во јавниот сектор најголем пораст на платите е забележан во здравството (6,5%), при што вработените во болниците имаат просек од околу 9.600 куни нето, а други дејности здравствена заштита околу 8.500 куни.

Во социјалната заштита просечната плата е околу 6.100 куни, во градинките околу 6.200 куни, во основните училишта околу 7.800 куни, во средните училишта околу 7.900 куни, а на факултетите околу 11.000 куни, додека платите на вработените во државната администрација во просек се околу 80 куни.

Движењето на платите зависи и од понудата на работна сила, а туризмот и угостителскиот сектор годинава мораше да ги зголеми платите повеќе од другите за да добие работници, пишува Вечерњи лист.