Просечната плата во мај беше 28.721 денар

12

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во мај оваа година изнесува 28.721 денар, додека во бруто износ е 42.917 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во мај 2021 година, во однос на истиот период лани, е зголемена за 8,8%.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (29%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (28,7%) и Други услужни дејности (14,4%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (7%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (5,5%) и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (5,3%).

Фото: Pexels