Просечната плата во Србија надмина 1.000 евра: Скок од 15 проценти за една година

Просечната нето плата во Србија во декември 2025 година изнесувала 124.089 динари (околу 1.056 евра), што е за речиси 15 проценти повеќе од претходната година, според најновиот извештај на Републичкиот завод за статистика (РЗС).

Просекот не дава целосна слика за пазарот на трудот и заработката. Односот на медијаната и просечната заработка покажува нерамномерност, и покрај целокупниот раст.

Медијалната нето плата во декември изнесувала 90.819 динари, (773 евра) што значи дека половина од работниците во Србија заработуваат помалку од 800 евра месечно.
Фото: Pixabay