Просечната плата во Србија во март околу 630 евра

72

Просечната плата (бруто) пресметана за март 2022 година изнесува 102.781 динари (okolu 875 evra), додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) изнесува 74.664 динари (околу 630 евра), објави Републичкиот завод за статистика на Србија (РСЗ).

Растот на бруто и нето-платите во периодот јануари-март 2022 година, во однос на истиот период лани, номинално изнесува 13,4 отсто, а реално 4,3 отсто.

Споредено со истиот месец лани, просечната бруто-плата за март 2022 година е номинално повисока за 14,3 отсто, а реално за 4,8 отсто, додека просечната нето-плата е номинално повисока за 14,4 отсто, односно реално за 4,9 отсто.

Просечната нето плата за март 2022 година изнесува 55.146 динари (околу 470 евра), што значи дека 50 отсто од вработените заработиле до наведената сума, соопшти РСЗ.