Просечната работна недела во ЕУ падна на помалку од 36 часа, во Македонија подолга од 39 часа

Просечната работна недела на вработените со полно и скратено работно време во Европската Унија во 2025 година изнесувала 35,9 часа, додека во Србија траела 40,6 часа, според податоците на Евростат објавени денес.

Ако ги анализираме сите земји вклучени во истражувањето, заклучуваме дека минатата година луѓето работеле подолго само во Босна и Херцеговина – 40,9 часа неделно и во Турција – 42,4 часа неделно, aво Македонија е 39,5 часа неделно.

Во Европската Унија, бројот на просечни работни часови неделно значително се намалил во споредба со 36,9 часа регистрирани во 2015 година, се додава во извештајот.

Најдолгата просечна работна недела меѓу членките на Европската Унија е забележана минатата година во Грција и изнесувала 39,6 часа работа неделно, по што следуваат Бугарија и Полска со по 38,7 часа, додека во Литванија просечната работна недела траела 38,4 часа.

За разлика од нив, Холандија имала најкратко работно време со просек од 31,9 часа неделно, како и Данска и Германија со по 33,9 работни часа, заедно со Австрија со 34 часа работа неделно.

Набљудувано по професија, вработените во земјоделството, шумарството и рибарството работеле најдолго, со просек од 42 часа неделно.

Менаџерите работеле во просек 40,6 часа неделно, додека припадниците на вооружените сили регистрирале приближно 39,4 часа работа.

Најкратко работно време имале работниците на едноставни работни места со просек од 31,8 часа неделно, административните службеници со 34 часа и вработените во услужни и продажни дејности со 34,5 часа работа неделно, според веб-страницата на Евростат.