Проширен тимот на владиниот контакт центар – одговараат и агенти од надлежните министерства и институции

50

Владиниот контакт центар наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните за економските мерки за Ковид-19 го прошири тимот на агенти во повеќе надлежни министерства и институции. Сега на телефонскиот број 02/324-8040, освен примарното јавување од стручен тим од Владата, на прашањата  одговараат и лица од Министерствата за труд и социјална политика, за економија, финансии, информатичко општество и администрација, Управата за јавни приходи и Агенцијата за вработување.

Целта на проширувањето на тимот на агенти е да се обезбедат навремени и прецизини информации во врска со специфичните прашања коишто се во надлежност на дадена институција и навремено да им се помогне на граѓаните и компаниите да ги оставарат своите права, или да ја искористат финансиската и друга помош за справување со последиците од Ковид-19.

Според досегашните јавувања коишто за еден месец се вкупно 2.674 постои голем интерес за користење на владините економски мерки кај компаниите и граѓаните. Притоа, најчесто поставувани прашања (96%), од вкупниот број прашања се следните:

-можноста за користење на финасиска поддршка за исплата на плата за работниците;

– можности за граѓаните во случај на невработеност и отпуштање од работа;

– кредитирањето преку Развојна банка на Република Северна Македонија;

– постапка за издавање дозволи за движење на вработени за време на полициски час.

Контакт центарот работи од 8:00 до 16:00  часот секој работен ден. На прашањата кои пристигнуваат во контакт центарот според потребите се одговара на македонски и на албански јазик. Контакт центарот е обезбеден во соработка со МАСИТ како донација од компанијата Ассеко СЕЕ Македонија.

Фото:Pixabay