Протекоа планови на Маск за Твитер: Откази, ангажирање инфлуенсери…

51

Во разговорите со банкарите пред да го преземе Твитер, Илон Маск наводно предложил да се намали бројот на вработени, да се поканат инфлуенсери да креираат содржина и да се воведат претплатни услуги со цел да се подобрат резултатите на компанијата.

Според извештаите на медиумите, Маск предложил и монетизирање на твитови и намалување на платите на извршните директори и одборот. Според извештаите на Блумберг, Вашингтон пост и Ројтерс, тоа го потврдиле неименувани извори кои биле информирани за плановите на Маск.

Маск им се обрати на банкарите откако на 14 април ја објави својата понуда за купување на Твитер и пред бордот на компанијата, 12 дена подоцна, да го прифати неговиот предлог вреден 44 милијарди долари.

Иако Маск ги презентираше овие идеи пред банкарите за да ги подобри резултатите на компанијата, тој не ги вклучи во формалните планови претставени на бордот на директори на компанијата. Наместо тоа, тој рече дека ќе се погрижи бизнисот да биде профитабилен.