Процесот на реструктуирање започна: UBS ги отпушта сите инвестициски банкари на Credit Suisse во Шпанија

59

UBS ги отпушта сите вработени во инвестициската банка Credit Suisse во Шпанија.

Швајцарската банка им соопштила на вработените дека започнува процес на реструктуирање кој ќе влијае на 147 вработени, дознава Блумберг од извор запознаен со ситуацијата.

Итното преземање на Credit Suisse, во март оваа година, ја зголеми глобалната работна сила на UBS на околу 120.000, бројка што на крајот има намера да ја намали, а десетици илјади луѓе се очекува да ги загубат своите работни места, објави Bloomberg.