Проверете дали сте подготвени да започнете сопствен бизнис

32

pruga-pexels

Фото: Pexels

Мислите дека сте подготвени да започнете сопствен бизнис? Ставете се на тест. Проверете ги клучните четири работи кои ќе ви покажат дали сте претприемач.

1. Дознајте колку навистина сте добри

Ако сте предодредени да бидете претприемач, нема потреба да барате нечие мислење. Ќе основате сопствена компанија. Ако сте едно ниво подолу, тогаш треба да го чекате вистинскиот момент, што значи да ја одберете вистинската можност, да откриете кој е главниот талент што го поседувате и да најдете партнер со кој ќе го надополните она што ви недостига. Но, треба да се има во предвид дека повеќето луѓе се просечни кога станува збор за нивниот претприемачки потенцијал.

2. Бидете подготвени за здружување

Погледнете го Google како модел – Лари Пејџ, Сергеј Брин и Ерик Шмит. Секој од нив има различна сила и сакаат да работат заедно, со здружени сили да и помогнат на компанијата да расте и да се адаптира на промените. За многу технолошки стартапи, за почеток се потребни две вештини: бизнис (продажба, маркетинг, способност за работа со капитал) и технолошки развој. Ако сте многу добри во едната вештина, барајте партнер добар во другата.

3. Делете вистински вредност

Како да знаете кого да изберете за партнер во својот бизнис? Одговорот е во вредностите што ги почитувате. Здружете се со партнер кој ги дели истите вредности како вас, со тоа искрено ќе ги задоволите очекувањата на клиентите.

4. Треба да имате незаситна страст

Секој претрпиемач треба да знае зошто сака да започне бизнис. Ако го прави тоа само за да стане богат, можеби и нема да успее. Најдобрата причина да се започне бизнис е затоа што претприемачот има страст за работата. Страста е таа што води напред.

Ако го поминавте тестот, значи дека сте подготвени за бизнис. Инаку, размислете повторно.