Прв лет на најголемиот амфибиски авион во светот

3

oo

Фото: Youtube

По осум години развој, најголемиот амфибиски авион конечно го имаше својот прв лет во Кина. AG600, наречен Кунлонг, еден час леташе на висина од 3.000 метри пред безбедно да слета на аеродромот во Жухаи, пишува New Atlas.

Леталото е големо колку еден Boeing 737, со распон на крилата од 38,8 метри и е дизајниран за разни потреби како спасување на цивили, гаснење на пожари, па сè до воени интервенции на отворено море. Дури 98% од компонентите од коишто е составен авионот се направени во Кина.

Првиот лет на вода е закажан за шест месеци.