Прв меѓународен камп за мобилни апликации и бизниси

49

Од денес, па до 2 декември, во просториите на Скопски саем ќе се одржува Првиот меѓународен камп за мобилни апликации и бизниси, во организација на Фондацијата Претприемачки сервис за млади и во соработка со Swedish Trade Council.

Учество ќе земат над 70 млади програмери и бизниси од Македонија, како и повеќе од 50 програмери од Балканот и од Централна Европа.

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски ќе се обрати на отварањето, додека заменик министерот Марта Арсовска Томовска ќе има излагање на панел-дискусијата на тема Можности за мобилни start-up.

Учесниците на меѓународниот камп ќе бидат менторирани од успешни бизнисмени и експерти од областа на мобилни технологии, меѓу кои Тим Џексон (ко-основач на QXL – бизнис вреден 2 милијарди долари), Мајкл Гинберг (основач на мрежата на бизнис ангели SMART Angel Investor од Гибралтар) и Филип Кандал (ко-основач на skobbler, компанија со над 3.000.000 корисници на мобилните апликации), Мико Терхо (директор на истражувачкиот Центар на Нокиа од Финска).