Прв пат: Град забрани реклами за дизел и бензин, авиокомпании и сè што загадува!

30

Во чекор без преседан, градот Хаг во Холандија штотуку стана првиот град во светот кој усвои закон со кој драстично се забрануваат реклами кои промовираат производи и услуги добиени од фосилни горива, вклучително и реклами за бензин или дизел, летови и крстарења. Правилникот ќе стапи во сила на почетокот на 2025 година.

Иако за ова прашање се дебатира во Европа со години, ова е првпат еден град да забрани рекламирање на производи со висока содржина на јаглерод преку локалното законодавство. Одлуката уследи по минатогодишниот повик на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш до владите и медиумите да донесат такви забрани, како што веќе беше направено со тутунот. Сега Хаг штотуку направи голем чекор во таа насока со правно обврзувачка забрана како обележје во глобалната климатска политика, бидејќи експресно ги забранува производите и услугите (и нивните деривати) базирани на фосилни горива со висок јаглероден отпечаток, пренесува Ревија Хак.