Прв Саем на мед во Струга

5

12На Плоштадот на револуцијата во Струга денес и утре ќе се одржи првиот Саем на мед во овој град, јавува МИА. Настанот е во организација на Здружението на пчелари Матица од Струга помогнато од Мрежа за рурален развој од Македонија и Општина Струга..

Саемот ќе го отворат градоначалникот на Општина Струга Зијадин Села и директорот на Мрежа за рурален развој Петар Ѓоргиевски. Со свои производи ќе учествуваат пчелари од Скопје, Штип, Радовиш, Кочани, Битола, Прилеп, Охрид, Дебар и Струга.

Настанот се организира со цел да се промовираат пчеларските производи и поттикнување на развојот на оваа стопанска дејност во овој регион, кој има одлични услови за развој на пчеларството.