Прв Синеплекс во Македонија

52

Првото кино Синеплекс во Македонија ќе биде вечерва отворено во Сити мол. Посетителите ќе можат да уживаат во двојната премиера на најновиот филм од серијалот со Џемс Бонд, Небесен пад (Skyfall) како и во 3Д авантурата, Животот на Пи (Life of Pi) .

Љубителите на филмот ќе можат да ги видат трите ноќни проекции во киносалите, по промотивна цена од 90 денари. Билетите во Синеплекс ќе можат да се набават по специјална цена и секој вторник, кој ќе важи за „ден за кино“ во понудата на компанијата.

Посетителите на Синеплекс ќе можат да уживаат во голем број на забавни активности овој викенд како, 3Д анимација поставена пред самото кино, анимација со кловнови, жонглери, маскоти, танцови двојки и друго.

Скопскиот Синеплекс брои девет сали. Најголемата од нив e со капацитет од над 330 седишта. Втората е со 280 седишта, третата 200, а останатите сали се со капацитет од околу 100 седишта. Вкупниот број на места во сите сали е 1.465.

Во сите сали има дигитална техника и 3Д технологија. Салите располагаат со места за двојки, а стадионски поставените седишта овозможуваат секој гледач да има целосен поглед на екранот. Салите ќе можат да се користат и за приватни промоции, ревии, фестивали, за родендени.

Семејството на Синеплекс има вкупно 42 кина и 271 киносала во повеќе земји, како што се Австрија,  Хрватска, Србија, Словенија, Црна Гора и Италија.